Луѓето кои ќе одбијат да носат маски во јавниот превоз или во продавниците во Велика Британија ќе бидат казнети со 200 фунти (околу 235 евра) за првиот прекршок, објави „Мирор”.
Премиерот Борис Џонсон го врати задолжителното носење маска за да се спречи ширењето на сојот Омикрон на коронавирусот.
Новите правила ќе почнат со казни кога законот ќе биде усвоен денеска во Парламентот, а ќе стапи во сила утре во 16 часот по локално време.
Секој што ќе ја заборави или нема да носи маска ќе плати 200 фунти за првиот, а секој следен прекршок ќе се наплаќа двојно. Тоа значи дека вториот пат ако човек нема маска ќе плати 400 фунти, третиот пат 800, а казната може да достигне најмногу 6.400 фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.