Папата Франциск денеска е примен во болница во Рим на „закажана операција“ на дебелото црево, соопшти портпаролот на Ватикан, Матео Бруни.

Бруни појасни дека 84-годишниот Папа страда од „симптоматска дивертикуларна стеноза“ на дебелото црево.

Не е познато точно кога ќе се изврши операцијата, за што Бруни рече дека Ватикан ќе објави ново соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.