Папата Франциск денеска ја осуди неприфатливата „спирала на насилство“ меѓу Израел и Палестинците, нагласувајќи дека убиствата, особено на деца, е „знак дека тие не сакаат да ја градат иднината, туку да ја уништат“.

Поглаварот на Римокатоличката црква денеска се молеше за мир и меѓународна помош за да се отвори патот за дијалог.

„Се прашувам: што ќе донесе таа омраза и одмазда? Дали навистина мислиме дека можеме да градиме мир уништувајќи други. Во име на Бога … апелирам за примирје и крај на насилството“, потенцира Папата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.