Озборувања и дрдорење е  „зло кое  е пострашно од ковид-19“, рече папата Фрањо во неделата на молитвата во Ангел, од неговиот прозорец на плоштадот Свети Петар  во Ватикан.

“Кога ќе видиме грешка или пад на брат или сестра, првото нешто што го правиме е да разговараме за тоа на другите. Озборуваме”, рече папата.

Озборувањето го нарушува заедништвото на Црквата, рече тој, и ги спореди озборувањата со ѓаволот што се шета и сее лаги за другите.

“Тој сака да ги држи браќата подалеку за да не можат да се причестуваат. Ве молам, браќа, да не озборуваме! Озборувањата се најголемиот вирус, полош од коронавирусната пандемија!”

Тој ги повика верниците дискретно, приватно да ги предупредуваат луѓето кога ќе погрешат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.