Папата Франциско денеска внесе големи промени во начинот на кој Римокатоличката црква ќе се занимава со случаите на сексуално злоставување, укинувајќи го правилото на „понтификална тајна“, кое претходно ги штитеше сторителите на злоставувањата.

Двата документа што ги објави Папата ја покриваат праксата што постои веќе извесно време во некои земји, вклучувајќи го и пријавувањето сомнеж кај цивилните власти за сексуално злоставување, каде тоа е пропишано и со закон, пренесоа британските меидуми.

Тие, исто така, забрануваат наметнување обврска за молчење на оние кои пријавуваат сексуално злоставување или тврдат дека се жртви.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.