Папата Франциск доцнел 25 минути на обраќањето пред верниците на Плоштадот Свети Петар во Ватикан. Причина за доцнењето било тоа што папата останал 25 минути заглавен во еден од лифтовите во Ватикан, поради што морале да реагираат и пожарникарите.

Тој признал дека денеска 25 минути останал заглавен во лифт , по што интервенирале пожарникарите кои го извадиле од лифтот и им се извинил на насобраните граѓани.

Поглаварот на римокатоличката црква воедно од граѓаните побарал со аплауз да ги поздрават пожарникарите кои го извлекле од заглавениот лифт

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.