Поглаварот на Католичката црква, папата Франциск се вакцинира против коронавирус со вакцината на „Фајзер/БиоНТек”, објави аргентинскиот весник „Ла Нацио”.

Изданието цитира извор кој вели дека кампањата за вакцинација на Ватикан започнала утрово и 84-годишниот понтиф е еден од првите кои биле вакцинирани.

За три недели се очекува да ја прими втората доза.

Засега нема официјална потврда за оваа информација од Ватикан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.