Папата Франциск именуваше три жени за членки на Ватиканската канцеларија која ги проверува номинациите за бискупи, со што жените добиваат право на глас во управувањето со католичката црква.

Дикастериумот за бискупи ја надгледува работата на повеќето од 5.300 епископи, кои водат епархии ширум светот. Дикастериумот е составен од кардинали, бискупи и првпат и од жени, има периодични средби на кои се оценуваат предложените нови бискупи.

Папата, сепак, ја носи конечната одлука и може да ги заобиколи кандидатите предложени од неговите амбасадори, кои потоа се проверени од Дикастериумот.

Додавањето жени во процесот на консултации е одговор на повиците да се прекине свештеничката хиерархија на Светата столица, која се состои само од мажи, како и на барањата жените да имаат поголемо учество во одлучувањето во црквата.

Новите членови се калуѓерката Рафаела Петрини, која веќе има висока позиција во Ватикан како генерален секретар на државата Ватикан, која раководи со ватиканските музеи и другите административни делови на територијата. Потоа калуѓерката Ивон Реунгот, поранешена претпоставена на религиозниот ред Ќерките на Марија и Марија Лиа Зервино, претседателка на Светската унија на католички женски организации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.