Папата Франциск денеска, по кратката посета на Будимпешта, пристигна во Словачка во четиридневна официјална посета на земјата, каде што ќе се сретне со преживеаните од холокаустот и припадниците на ромската заедница.

Светиот Отец во Братислава беше пречекан од словачката претседателка Зузана Чапутова.

Во чест на Папата, во моментот кога авионот со кој пристигна ја допре пистата, ѕвоната на 2.627 католички цркви истовремено заѕвонија низ целата земја.

Папата Франциск утре треба да се сретне со членовите на еврејската заедница, меѓу кои и со преживеаните од холокаустот.

Во вторник, Папата ќе ги посети посиромашните делови на земјата. Таму ќе се сретне со припадниците на ромската заедница, а во среда ќе се врати во Братислава и ќе предводи миса на отворено во местото за аџилак Шаштина. паг/

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.