Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, денеска го повтори својот повик за велигденско примирје додека православните христијани го слават Велигден.

Без да ги именува земјите, тој ги повика агресорите „да го запрат нападот за да им помогнат на страдањата на исцрпените луѓе“.

Папата се обрати пред толпата собрана на плоштадот Свети Петар и рече дека иако поминале два месеци од руската инвазија на Украина, „наместо да престане, војната се влоши“.

Тажно е што во овие денови кои се најсвети и најсвечени за сите христијани, смртоносниот шум на оружјето е погласен од звукот на камбаните кои го најавуваат Воскресението, рече папата Франциск.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј пак повика на отворање хуманитарни коридори во Украина, велејќи дека во таа земја се случува неопислива човечка трагедија.

За време на велигденската литургија во Истанбул, тој повика на отворање на хуманитарни коридори, „безбедни премини до навистина безбедни области за илјадниците луѓе опколени во Мариупол, цивилите, вклучително и ранетите, постарите, жените и многу деца“.

Истото важи и за сите други региони во Украина, каде што се случува неопислива човечка трагедија“, рече тој.

Патријархот Вартоломеј го одобри отцепувањето на Украинската православна црква од Москва во 2019 година, што е историски чекор на кој Русија жестоко се спротивстави.

Руската воена инвазија на Украина влезе во третиот месец, а во неа има илјадници загинати и повредени, како и милиони раселени лица, во земјата и надвор од неа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.