Папата Франциск, по молитвата Ангелус во Свети Петар во Ватикан, го осуди „грозоморното киднапирање“ на 317 нигериски ученички.

Драги браќа и сестри, им се придружувам на нигериските бискупи во осудата на грозоморното киднапирање на 317 млади девојки. Да се ​​молиме за овие млади девојки што побрзо да се вратат дома – порача Папата пред илјадници верници.

Неидентификувани напаѓачи киднапираа 317 девојчиња од училиште во градот Јангебе во северозападна Нигерија во петокот, што второ масовно киднапирање деца за нешто повеќе од една недела. Околу педесетина ученици успеале да избегаат.

Ова е последно во низата киднапирања на деца на училишна возраст во централна и северозападна Нигерија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.