Папата Франциск излезе од болницата Гемели во Рим, каде што пред десет дена му беше извршена операција на дебелото црево.

Фотографите пред болницата виделе два автомобила во придружба на ватиканското обезбедување како заминуваат од споредниот влез пред 11 часот, откако персоналот ставил инвалидска количка во багажникот на едно од возилата.

Првиот од двата автомобила имал затемнети стакла.

На 84-годишниот Папа Франциск, на 4 јули, под општа анестезија, му беше отстранет дел од дебелото црево поради серизна дивертикуларна стеноза.

Во неделата, тој првпат се појави во јавноста по операцијата за од болничкаа тераса  да раководи со миса  за стотици собрани луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.