Папата Франциск ги повика светските лидери да ја искористат кризата предизвикана од пандемијата на корона вирусот како можност да ги поправат неправдите во светската економија и „перверзната логика” на доктрината за нуклеарно одвраќање.

Во снименото обраќање до Генералното собрание на ОН, Папата истакна и дека не смее да надвладее зголемениот изолационизам во справувањето со светските проблеми.

Поглаварот на Римокатоличката црква се заложи за поголем ангажман и влијание на ОН во заштитата на сиромашните, мигрантите и животната средина, како и поголема солидарност и мултилатерализам.

Од криза никогаш не излегуваме онакви како што сме биле претходно. Излегуваме или подобро или полошо. Затоа, во овој критичен момент, наша должност е да ја преиспитаме иднината на нашиот заеднички дом и нашиот заеднички проект – порача Папата во снимениот говор на Генералното собрание на ОН.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.