Стотици илјади лица се собраа денеска во Бангкок на првата јавна миса на папата Фанциск во Тајланд, во текот на која, меѓудругото,тој го осуди понижувањето на жените и децата, присилени на проституција.

Обраќајќи се на публиката од 600.000 лица, папата рече дека сите тие, како мисионери, се дел од истото семејство и дека не можат да ги игнорораат членовите кои се сметаат за „нечисти“, пренесоа американските медиуми.

Овде мислам на жените и децата кои се жртви на проституција и трговија со луѓе, со што се понижува основното човеково достоинство. Мислам на младите луѓе кои се робови на зависноста од дрога….Мислам и на експлоатираните рибари и питачите кои се заобиколуваат, рече папата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.