Бројот на реално обработените часови во ЕУ е намален за 12 отсто во споредба со претходната година. Тоа го покажуваат податоците на статистичката агенција на ЕУ – Евростат.

Според агенцијата, падот може да се објасни со мерките преземени како одгoвор на пандемијата na Ковид-19 кои принудија стотици луѓе да бидат на платено и неплатено отсуство од работа. Како резултат на тоа, работните часови се значително помалку. Најголем пад е регистриран во Грција (-19,7 проценти), Шпанија (-19,5 отсто), Португалија и Италија (по -19 проценти), а Бугарија е на 16-та позиција со намалување од 10 отсто.

Земјите од ЕК, во кои има мала промена во работното време (со намалување помало од пет отсто), се Финска (-4,4 проценти), Данска и Луксембург (по – два отсто).

Вкупно 26,9 милиони луѓе во ЕУ пријавиле дека работеле помалку од вообичаено во 2020 година. За споредба, во 2019 година тој број изнесувал 24,4 милиони луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.