Добитниците на Нобеловата награда за наука и литература, поради пандемијата на корона вирусот, втора година по ред ќе ги добијат признанијата во земјите на живеење, а не во Стокхолм, објави Нобеловата фондација.

Кон средината на октомври ќе биде одлучено каде ќе биде доделена Нобеловата награда за мир, за што церемонијата вообичаено се одржува во Осло.

Имињата на добитниците на наградите се објавуваат на почетокот на октомври, но церемонијата на доделување традиционално се организира на 10 декември, на годишнината од смртта на основачот Алфред Нобел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.