Податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) покажуваат дека пандемијата на Ковид-19 ја чини глобалната економија околу 375 милијарди американски долари месечно, информираат од Светската здравствена организација (СЗО).

ММФ проценува дека пандемијата ја чини глобалната економија 375 милијарди долари месечно и предвидува кумулативна загуба на глобалната економија во текот на две години од над 12 трилиони американски долари – изјави генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Според него, светот веќе потрошил милијарди во справувањето со краткорочните последици од пандемијата.

Само Г20 мобилизираше повеќе од 10 трилиони долари фискален стимул за да ги ублажи ефектите на пандемијата. Тоа е веќе три и пол пати повеќе откако што потроши светот за целиот одговор на глобалната финансиска криза – изјави Тедрос.

Тедрос истакна дека финансирањето на акцелераторот на СЗО е најдобриот економски стимул во кој светот може да инвестира.

Акцелераторот е единствената глобална иницијатива што ги обединува сите глобални регулаторни набавки и набавки потребни за сите алатки неопходни за да се стави крај на пандемијата – вели генералниот директор на СЗО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.