Во Бразил во последните 24 часа се потврдени нови 43.718 случаи на корона вирус, со што вкупниот број на заразени сега достигна 4.282.164 лица.

Како што соопшти бразилското министерство за здравство, во последното деноноќие во земјата од Ковид-19 починале уште 874 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на пандемијата надмина 130.396 лица.

Бразил се наоѓа на второ место во светот според бројот на смртни случаи, по САД и на третото место во светот според бројот на заразени со корона вирус, веднаш по САД и Индија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.