Европската Комисија ги соопшти статистиките за сообраќајна безбедност за 2020 година. Тие бележат пад кој делумно се должи на пандемијата и рестриктивните мерки.
Во текот на 2020 година, 18.800 лица го загубиле животот во сообраќајна несреќа во ЕУ, што претставува намалување „без преседан“ од 17 отсто во споредба со 2019 година, покажува последната статистика на Европската Комисија.
Како што забележува и самата институција, оваа бројка се должи во голем дел на фактот што рестриктивните мерки против Ковид-19 значително го ограничија движењето на луѓето минатата година. Европската Комисија истакнува дека не смеат да има напуштање во напорите за зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Амбицијата на Европската Комисија е до 2050 година да достигне нула смртни случаи и нула тешки повреди на патиштата.
Како што покажува извештајот, најсмртоносни се сообраќајките помеѓу автомобили и камиони, а земјите членки треба да ја засилат безбедноста на пешаците и велосипедистите, согласно директивата на ЕУ за управување со безбедноста на патните инфраструктури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.