Палестинските власти нарачале вкупно 4,5 милиони дози од вакцините против корона вирусот на „Фајзер“/„БиоНТек“ и „Спутник В“.

Не е јасно кога пратките ќе почнат да пристигнуваат. Најверојатно ќе пристигнат во блиска иднина. Вкупната цена на нарачаните вакцини изнесува 27 милиони долари – изјави палестинската министерка за здравство, Маи Ал-Каилех.

Десетици илјади дози вакцини веќе пристигнаа на палестинските територии, главно преку програмата Ковакс, поддржана од Светската здравствена организација. И Обединетите Арапски Емирати испратија илјадници дози.

Израел, во меѓувреме, им даде повеќе од 100.000 дози на Палестинциите кои имаат работни дозволи на нивна територија.

Инфекциите со корона вирусот на палестинските територии нагло се зголемија и болниците се со преполни капацитети.

На Западниот брег живеат околу четири милиони Палестинци и уште околу 2,3 милиони во Појасот Газа. Во крајбрежниот појас луѓето често живеат во ограничени и мизерни услови и со слаба медицинска нега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.