Вредноста на американскиот долар се намали денеска  во однос на ривалските валути бидејќи забавувањето на инфлацијата на потрошувачките цени во САД ги намали очекувањата за поагресивно зголемување на каматните стапки на федералните резерви.

Во раните попладневни зделки, зелената банкнота нагло потона наспроти фунтата, еврото и јенот, бидејќи официјалните податоци покажаа дека инфлацијата во САД се намали на годишна стапка од 7,7 отсто во октомври.

Фунтата скокна за 1,9 отсто на 1,1574 долари, а еврото се зголеми за 0,8 отсто на 1,0092 долари.

Податоците беа објавени една недела откако американската централна банка го претстави четвртото по ред зголемување од 0,75 процентни поени, како што се очекуваше – шестото зголемување оваа година за да се зауздаат неконтролираните цени.

Сепак, ФЕД минатата недела предупреди дека стапките ќе бидат повисоки од претходно очекуваните во борбата против децениската висока инфлација



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.