Трговијата со скапоцени метали бележи намалување во вторникот откако рускиот претседател Владимир Путин откри дека првата светска вакцина против Ковид-19 е регистрирана во Русија.

Објавата на Путин предизвика трговците да профитираат по неодамнешното рекордно покачување на цените на скапоцените метали.

Златото изгуби 2,50% на 1.977,41 американски долари за унца во 7:48 часот по средноевропско време. Среброто падна за 4,65% за да се продава за 27,74 долари за унца, минута подоцна.

Паладиумот падна за 3,32% на 2.150,60 долари за унца во 7:49 часот по средноевропско време. Платинумот се намали за 2,44% за да се тргува по 963,45 долари во 7:50 часот по средноевропско време.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.