Голем дел од светските лидери кога се на врвот на своето владеење и кога популарноста и поддршката кај народот им опаѓа имислуваат разни начини да се одржат на власт. Една од стратегиите е да измислат дека бил спречен атентат и оти народот го сака но оти домашните непријатели сакаат да елиминираат.

Еден од нив е Јосип Броз Тито. Неговите служби објавија дека некогашниот претседател на СФРЈ, преживеал повеќе од 50 атентати. Многумина се обиделе да го
ликвидираат, Американци, Совети, удбаши, но најпознатиот атентат бил оној на Никола Каваја, член на четничката организација и соработник на ЦИА.

Но, Каваја пред смртта призна дека никогаш не планирал да го убие Тито и оти тоа е измислица на УДБА и КОС.

Сличен пример е Фидел Кастро. Наводно него се обиделе да го убијат дури 638 пати и оти речиси сите убиства биле нарачани од ЦИА. Но тој не успеа да докаже ниту еден обид ниту покажа докази.

И регионот не имун на вакви „финти“. Некогашниот романски претседател Николае Чаушеску дури си направил сопствена служба „Секуритате„ бидејќи бил опседнат дека сакаат да го убијат.

Слободан Милошевиќ бил убеден дека Албанците сакаат да го убијат па речиси секаде со него носел снајперисти и луѓе од доверба. Пред крајот на своето владеење речиси и не излегувал од својата резиденција во „Ужичка 15“ што е и опишано и во серијата „Породица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.