Тешките поплави во Венеција забележаа рекорден раст на нивото на морето се до 187 сантиметри. Со ова историскиот и туристичкиот бисер ја надмина страшната плима од 1966 година.

Плимата од 140 сантиметри и повеќе, кој во Италија се нарекува „аква алта“, најчесто се бележи во текот на зимата кога бури пустошат по Медитеранот.

Оваа историска поплава, која потопи околу 80 отсто од градот, делумно е последица на невообичаено силни бури на централното Тиренско Море, кои со жестоки ветрови го урнисаа градот.

Вашингтон пост објаснува дека овој ветер се нарекува „sirocco”, а всушност станува збор за ветер кој на хрватската страна, да речеме на Јадранот се нарекува „југо“ и „широко“ и дека дува се до северот на Африка преку Медитеранот, за на крајот да стигне до Јадранското море.
Бидејќи Јадранското море е издолжено, релативно тесно и четириаголно, неговиот облик може да ги засили осцилациите на нивото на морето од една на друга страна на морето. Ветровите може да доведат до тоа да го насочат морето кон северозапад, токму каде што е сместена Венеција.

Како што ветерот ја спречува водата да се врати кон северозападниот крај на Јадранот, во Венеција доаѓа до многу повисоки плими во однос на другите делови од Медитеранот.

А сето тоа поради географијата.

Претходно, плимите доволно високи да го поплават градот, беа релативно ретки, на секои 20 до 30 години. Сега, меѓутоа, тие се се почести, на секои пет години или во уште пократки периоди.

Од 10-те најлоши плими во историјата на Венеција, дури пет се случија во последните две децении, а последната од петте најлоши се случи минатата година.

Јасно е дека бурата во голема мера е причина за најновите поплави. Но вакви поплави со текот на времето стануваат се поразорни како што ширум светот почна да се крева нивото на морињата поради глобалното затоплување што го предизвика човештвото.

Венеција, исто така е град изграден на само неколку сантиметри над морското ниво, а истовремено, со текот на времето полека тоне, што растот на нивото на морето му претставува уште поголема закана.

Ова е верна илустрација на она што во иднина ќе им се случи на повеќето крајбрежни подрачја“, рече Мајкл Опенхајмер, еден од авторите на најновиот извештај на ОН за климатски промени, инаку професор на Универзитетот Пристон.

Додаде дека поплавите во Венеција денеска се последица на комбинацијата од град кој тоне и раст на нивото на морето, но и дека крајбрежните градови ширум светот веќе околу 2050 година ќе трпат редовни поплави предизвикани дури и со самиот пораст на морето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.