Американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на предлог-законот за воениот буџет, кој треба да изнесува 740 милијарди долари.

За жал, овој предлог-закон за воен буџет не опфаќа значајни безбедносни мерки, како и средства за нашите воени ветерани и нашата воена историја и е во спротивност со напорите на мојата администрација да ја стави Америка на прво место во фокус на системот за национална безбедност и нашите активности во странство. Ова е подарок за Русија и Кина – напиша Трамп во пораката до американските конгресмени, без да дава повеќе детали.

Сега, Конгресот мора повторно да гласа за да се поништи ветото на Трамп.

Пратениците во Претставничкиот дом се на одмор до понеделник, а лидерот на мнозинството во Сенатот, републиканецот Мич Меконел, најави дека сенаторите ќе гласаат следниот вторник со цел да се поништи ветото на претседателот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.