Унгарскиот министер за иновации и технологија во петокот отвори национална лабораторија за вирусологија и национална лабораторија за човечка репродукција на Универзитетот во Печ во јужна Унгарија, пренесе „Дејли њуз хангари“.

Ласло Палковиќ рече дека оваа година владата го поддржува развојот и отворањето на 17 национални лаборатории и истражувачка лабораторија во Унгарија со 14 милијарди форинти (40 милиони евра) и вкупно 90 милијарди форинти ќе бидат издвоени за нив во наредните години.

Националните лаборатории можат да станат меѓународно признати научни центри со фокус на најдобрите професионалци од домашните универзитети и компании и нивните вештини, додаде тој.

Институциите создадени на иницијатива на Министерството за иновации и технологија ќе го соберат домашниот професионален талент во области од особено значење за националната економија со цел да се решат глобалните проблеми, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.