Постои можност експлозијата во општинската зграда во Виена, каде загина и Србинката Анa Б., да е предизвикана намерно, пренесуваат австриските медиуми.

После инцидентот по кој се срушила половина зграда, се шпекулирало дека станува збор за експлозија од гас, но било нејасно дали експлозијата била предизвикана од расипаниот котел за греење на гас или неисправни инсталации во зградата.

Истрагата за причината уште трае, но се почесто може да се слушне дека не станува збор за несреќа, туку дека експлозијата е намерно подметната.

Виенскиот магазин „Естерајх“ потсетува дека инсталациите за гас во зградата неодамна биле прегледани и дека не бил регистриран ниеден проблем.

Експлозијата се случила во еден стан кој бил најмногу уништен, а во него бил пронајдено тело, на кое уште не е познат полот и идентитетот, но се претпоставува дека станува збор за 22-годишниот Даниел С., готвач по професија, кој неколку дена пред експлозијата ја изгубил работата, што тешко го погодило.

Јачината на експлозијата, исто така, укажува на тоа дека е намерно предизвикана. Истрагата е уште во тек, а резултатите ќе бидат познати дури после неколку недели.

Во експлозијата загина 29-годишната Ана Б., која во моментот на несреќата била во детската соба. Нејзините два сина успеале да се спасат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.