Краток спој најверојатно е причина за пожарот во катедралата Нотд Дам во Париз, тврди неименувано официјално лице на француската судска полиција.

Тој напоменува дека поради безбедносни причини, лицата кои ја водат истрагата се уште не добиле зелено светло за работа во катедралата, пренесува АП.

Претседателот на Франција Емануел Макрон најави дека е потребен петгодишен план за обвнова на Нотр Дам, а стручните лица сметаат дека ова е премногу амбициозно. Тие проценуваат дека обновата ќе трае и до 15 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.