Маж кој пристигнал во Јапонија од Филипините во февруари бил заразен со нов вид на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство на Јапонија, наведувајќи дека ова е прв ваков случај, пренесе агенцијата Кјодо.

Досега непознат вид коронавирус се разликува од соевите откриени во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил, но се верува дека ја претставува истата закана како и трите многу заразни соеви, додаде јапонската новинска агенција.

Според Министерството за здравство, човекот има над 60 години и дошол преку аеродромот Нарита во близина на Токио на 25 февруари, а станува збор за асимптоматски случај.

Тој бил позитивен на тестот кога поминал на аеродромот.

Националниот институт за инфективни болести повика на посилни контроли на границата како дел од напорите да се запре ширењето на коронавирусот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.