Комисијата за здравство во Вухан деновиве објави дека открила коронавирус на пакувањето на бразилско говедско месо, откако тестирањето на замрзна храна беше одобрено низ цела Кина.

Комисијата додава дека вирусот е пронајден на обвивката на три пакувања говедско месо, објави „Ројтерс“.

Говедското месо пристигнало во Кина, во пристаништето Кингдао на 7 август, а во Вухан на 17 август, каде што до неодамна беше во фрижидер.

Вухан е градот познат по тоа што коронавирусот најпрво се појави таму, а потоа се прошири низ целиот свет.

Бразилската влада за Ројтерс изјави дека не добила никакво известување од кинеските власти.

Сега, повеќе од 100 работници во компанијата мораа да одат на тест, а 200 примероци беа земени од различни површини во фрижидерот. Кина увезува најмногу говедско месо од Бразил и Аргентина и е најголем купувач на месо од тие две јужноамерикански земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.