Научниците открија изгубен континент на Земјата, но не станува збор за Атлантида. Научниците го воочија додека ја набљудуваа еволуцијата на сложениот геолошки медитерански регион кој со своите планински вериги и морскиот брег се простира од Шпанија до Иран, пишува CNN.

Континентот се вика Голема Адрија(Greater Adria), тој е со големина на Гренланд, а се одвои од северна Африка пред отприлика 140 милиони години. После тоа се стационира под подрачјето на Јужна Европа.

Заборавете на Атлантида“. Голем број туристи уште сега одморот го поминуваат на изгубениот континент“, рече геологот Хинсберген од Универзитетот во Утрехт.

Повеќето планински предели потекнуваат од едно земјиште кое се одвои од Северна Африка пред повеќе од 200 милиони години, а единствениот преостанат дел од овој сокриен континент е пругата која се протега од Торино преку Јадранското Море до југот на Италија“, додаде тој.

Користејќи се со компјутерски програми, за да ја реконструираат тектониката на плочите, научниците симнуваа слој по слој од наслагите, за да се вратат во времето кога континентите изгледаа различно од денеска и востановија дека Голема Адрија е самостален континент уште пред 240 милиони години.

Деформираните остатоци од горниот дел од изгубениот континент сè уште можат да се видат во некои планински подрачја. Остатокот од плочата на континентот, со дебелина околу 100 км. е во обвивката на Земјата под Јужна Европа“, истакна Хинсберген.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.