На меѓународниот аеродром во Барселона , Ел Прат и денеска се откажуваат летови , поради големите протести против стогодишната затворска казна за деветмината каталонски политичари.

Откажани се денеска 45 летови на меѓународниот аеродром во Барселона „Ел Прат“, откако аеродромот претрпе помали штети за време на протестите на каталонските застапници за независност , изјави портпаролот на шпанскиот оператор на аеродромот АЕНА.

Повеќето од 45 летови откажани денес се резултат на вчерашното откажување“, изјави портпаролот за медиумите. Вчера беа откажани 110 летови.

Портпаролот рече дека демонстрантите не успеале да навлезат во внатрешноста на терминалот и дека биле направени мали оштетувања на инфраструктурата за време на судирот со полицијата. Тој додаде дека вредноста на материјалната штета и бројот на патници погодени од протестите во моментот не може да се процени, бидејќи авиокомпаниите не го испраќале бројот на патници до службените лица на аеродромите.

 

 

Вчера, аеродромот „Ел Прат“ беше центар на протестите и демонстрантите сакаа да го окупираат за да му укажат на светот за „неправедната пресуда“.

Повеќе од 100 луѓе се повредени внатре и околу аеродромот.

Судиите на Врховниот суд во Мадрид едногласно осудија деветмина каталонски функционери на затворски казни помеѓу 9 и 13 години за организирање на забранет референдум за независност во 2017 година и последователна еднострана декларација за независна република Каталонија.

Се очекуваат нови протести во текот на денот, а сега сообраќајот на аеродромот „Ел Прат“ се одвива непречено.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.