Полицијта на Нов Зеланд го истражува убиството на 22-годшната британска туристка Грејс Милејн, откако нејзиното тело беше пронајдено на периферијата на Оукланд, пренесува „Би-Би-Си“.

Детективот Скот Бирд за новзеландските медиуми откри дека во притвор во моментот се наоѓа 26-годишно осомничено лице.

Милејн патувала сама низ Нов Зеланд околу две недели. Таму пристигнала после шестнеделно патување низ Јужна Америка. Последен пат била видена вечерта на 1 декември пред хотелот „Сити Лајф“, во друштво на непознат маж.

Таткото на Грејс е милијардерот Дејвид Милјн, градежнички гигант, кој неколку дена по исчезнувањето на ќерката одржа прес-конференција во Нов Зеланд и ја замоли јавноста за било каква информација поврзана со Грејс.

Таа е прекрасна, отворена, љубезна девојка која го обожава своето семејство. Никогаш не поминало толку време, а да не се чуеме. Откако стигна тука на 20 ноември, постојано ни испраќаше безброј фотографии авантурите низ Нов Зеланд, многу сме загрижени, изјавил таткото не можејќи да ги задржи солзите во очи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.