Осум тинејџери во градот Санланд Парк во Ново Мексико, во САД, два часа поминале заробени на врвот од ролеркостер, откако за време на возењето се случил дефект.

На лице место дошле пожарникари, а по интервенцијата соопштено е дека нема повредени.

Тинејџерите се возеле на ролеркостерот „Ел бандидо“, кога ненадејно вагоните се заглавиле, соопштија градските власти и додадоа дека во моментов се води истрага како дошло до дефектот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.