Осум лица загинаа кога патнички автобус се судри со комбе во источниот дел на Филипини, соопшти денеска полицијата, пренесе ДПА.

Уште десет лица се повредени во несреќата што се случила синоќа, на националниот автопат во близина на градот Памплона, во провинцијата Камаринес Сур, на 247 километри југо-источно од Манила.

Агенцијата јавува дека автобусот прегазил мотоцикл со странично седиште – што во Филипини е познат како трицикл, по што се судрил со комбе, што сообраќало од спротивната коловозна лента, се наведува во полицискиот извештај.

Возачот на комбето и седум патници загинале на лице место, а уште шест патници се повредени, додава полицијата.

Во несреќата се повредени и тројца патници од трициклот и еден од автобусот, соопшти полицијата.

Возачот на автобусот, кој веднаш по судирот избегал од местото на несреќата, е уапсен, сооопшти полицијата.

Сообраќајните несреќи со фатални последици во Филипините се честа појава, пред се заради небрежност на возачите, неисправни возила или небезбедни услови на патот, пренесе ДПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.