Осум од најлошите аеродроми во светот се во ЕУ, според една студија на групата за заштита на правата на патниците. Во исто време, само три од најдобрите десет аеродроми во светот се во ЕУ.

Аеродромите во Франција, Малта, Холандија, Португалија, Романија и Велика Британија се меѓу најлошите во однос на услугите, вклучувајќи ги и услугите за лет на време. Листата на рангирања се базира на официјалните податоци за летот и истражувањето што опфати 40.000 патници.

Група ЕрХелп (AirHelp) заклучи дека аеродромот Портела во Лисабон е најлош меѓу 132-те аеродроми во светот вклучени во истражувањето. Холандскиот аеродром во Ајндховен е 130-ти, аеродромот во Букурешт е 129, меѓународниот аеродром во Малта 128, аеродромот во Манчестер 127, Париз Орли 126, аеродромот во Порто 125 и Лондон Гетвик 123-ти.

Рангирањето покажа дека е најдобар аеродром во светот, како и една година претходно, е меѓународниот аеродром во Катар Хамад, по што следи аеродромот во Токио.

Меѓу првите десет се само три од ЕУ – меѓународниот аеродром во Атина е трет, додека во 2018 година беше втор, петти – аеродромот во Гдањск и девети Тенерифе.

Најдобро рангиран американски аеродром е во Атланта, на 34-то место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.