Министерот за здравство на Нов Зеланд, Дејвид Кларк по низа пропусти за време на пандемијата со Ковид-19 вчера поднесе оставка од фунцијата.

Оставката на Кларк ја прифати премиерката Џасинда Ардерн. Кларк во април двапати беше фатен како ги крши правилата за карантин воведени поради епидемијата. Тој тогаш понуди оставка, но Ардерн не ја прифати со образложение дека тоа ќе доведе до нарушување на работата на Владата.

Кларк изминатите недели беше критикувани поради лошо управување со карантинот и изолациските објекти на Нов Зеланд.

Ардерн најави дека на министерот за образование, Крис Хипкин ќе ја извршува функцијата министер за здравство до септември, кога треба да се одржат парламентарни избори на Нов Зеланд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.