Една млада Британка почнала да чувствува дека и е лошо и многу брзо потоа не можела да оди. Ова е приказната на 18-годишната Мили Таплин, кој имала стравично искуство со прифаќање пијалок од непознат човек.

Мили била на забава во една дискотека кога некој ја поканил на една пијачка. Сепак, според сомневањата, во пијалокот имало некоја дрога или супстанција од која останала целосно парализирана, пишува „Скај Њуз“.

Не сум се чувствувала полошо никогап во мојот живот – изјавила Мили.

На сликите и видеото што ги објави нејзината мајка, се гледа како младата Мили е целосно укочена, деформирана и отсутна.

Колку и да е ужасно и да ме вознемирува видеото, ако успее да спаси и само една девојка, тогаш вреди што го обајвувам. Ништо не може да ве подготви за вакво нешто – вели мајката на Мили, Клер Таплин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.