Неколку часа откако беше приведен, последниот осомничен за смртоносните напади со нож во канадската провинција Саскачеван, во кои беа убиени 10 и ранети 18 лица, починал во болница.

Мајлс Сандерсон (32) почина од самонанесени повреди, откако полицијата го натера да излезе од автопатот во Саскачеван со украден автомобил – соопшти претставник на локалната полиција.

Други официјални лица одбиле да кажат како починал, но изразија олеснување поради тоа што последниот осомничен за убиствата повеќе не е во бегство.

Вечерва, нашата провинција колективно чувствува чувство на олеснување – на прес-конференција порача Ронда Блекмор, командант на Кралската канадска коњичка полиција во Саскачеван.

Другиот осомничен за убиствата во неделата, 30-годишниот брат на Мајлс, Демиен Сандерсон, беше пронајден мртов следниот ден, во близина на местото на нападите. Во таа населба живее староседелска заедница и двајцата биле жители на тоа место.

Блекмор изјави дека Мајлс Сандерсон бил опколен набргу откако полицијата добила дојава дека маж со нож управувал со украдено возило. Таа изјави дека полицијата го принудила возилото на Сандерсон да излезе од патот. Возилото паднало во канал.

Тој е приведен и во тоа возило бил пронајден нож – соопшти таа.

Блекмор додаде дека на Сандерсон му се слошило кога го привела полицијата, дека се обиделе со реанимација пред да пристигне брзата помош и оти болничарите го префрлиле во болница каде што била констатирана смрт.

Таа изјави дека ги испробале сите мерки за спасување што можеле да ги направат пред да пристигне брзата помош. Блекмор не ја наведе причина за смртта.

Блекмор истакна дека во ситуација кога се мртви двајцата напаѓачи, на властите ќе им биде тешко да утврдат што бил мотивот за нападите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.