Основачот на Амазон, Џеф Безос, најави дека следниот месец ќе отпатува во вселената, кога неговата компанија „Блу ориџин“ ќе почне со својата прва мисија на превоз на патници во орбитата во Земјата.

Лансирањето е закажано за 20 јули, една недела откако Безос треба да отстапи од местото извршен директор на Амазон.

Откако имав пет години, сонував за патување во вселената. На 20 јули ќе тргнам на тоа патување со братот. Најголемата авантура, со мојот најдобар пријател – објави 57-годишниот милијардер, кој планира да патува со својот брат Марк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Bezos (@jeffbezos)

Компанијата „Блу ориџин“ на аукција понуди едно место во својата ракета „Њу шепард“ која треба да полета на 20 јули. Станува збор за 11-минутно суборбитално патување во текот на кое ќе се достигне висина од 100 километри. Приходот од аукцијата ќе оди во фондацијата на „Блу ориџин, Клуб за иднината“, кој го промовира образованието по математика и наука.

Суборбиталните летови се оние летови за време на кои леталото достигнува висина од 100 километри (или повеќе) над површината на Земјата, но не постигнува доволна брзина за без дополнителна сила да продолжи да се движи во орбита околу Земјата.

Од компанијата наведоа дека идните патници на ракетата ќе минат низ четиридневна авантура, вклучувајќи го тридневниот тренинг во Тексас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.