Сите заложници кои беа во барот – продавницата за тутун и цигари во Блањак, во близината на Тулуз, се ослободени, јавува дописникот на МИА.

Напаѓачот кој и е познат на полицијата за повеќе кривични дела, претходно бил уапсен на 15 февруари во рамките на движењето на „жолтите елеци“. Тој според француските медиуми истакнал дека бил „вооружена рака на жолтите елеци“.

Во Тулуз сe специјалните сили на полицијата од Париз. Засега според француските медиуми не се знае дали напаѓачот беше неутрализиран од страна на безбедносните сили.

Во меѓувреме во неговиот дом е пронајден тестамент, во кој, како што изјавил полициски извор за „Фигаро“, тој вели дека „жали што го сторил тоа”. Тој напишал дека „ако не го сторел тоа, никој нема да мрдне, и дека ќе направи се за жолтите елеци да ја добијат битката“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.