Здравствениот персонал ќе добие бонус од 500.000 форинти (1.380 евра) оваа година, рече премиерот Виктор Орбан во интервју со државното радио Кошут, објави „Дејли нуз хангари“.

Во интервјуто Орбан вели дека во среда се планира да донесе одлука дали да се продолжи полицискиот час воведен минатата недела против ширењето на епидемијата на коронавирусот и со важност до следната сабота.

Ќе го сториме тоа ако е потребно“, вели Орбан.

Унгарскиот премиер вели дека планот на владата за пренаменување на средства за здравствениот персонал во земјата во време кога коронавирусот се повеќе се шири, е најважниот документ на Унгарија.

Задолжително е сите здравствени работници да се најдат под централна команда за време на здравствена вонредна состојба, истакна тој. На располагање се ставаат 110 студентски домови за 19.820 лица и 58 хотели за 5.661 лица, како и 3.543 возила, додава тој.

Ова е воен план на команда за масовна епидемија, рече Орбан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.