Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес ја посети Белорусија, со што стана првиот унгарски премиер кој ја посетил оваа земја. Орбан повика на крај на санкциите на ЕУ против Белорусија.

Партнерство не може да се гради со санкции, порача Орбан на заедничката прес конференција со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Двете земји договорија Виз Ер наскоро да воспостави воздушна врска меѓу Будимпешта и Минск, како и да се воспостави размена на студенти и да се бара начин да се зголеми трговската размена. Лукашенко ја отвори можноста и за соработка во полето на нуклеарната енергија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.