Унгарија ќе започне со вакцинирање на населението од коронавирус на 27 или 28 декември, изјави премиерот Виктор Орбан.

Првите дози на вакцини ќе бидат доволни за вакцинирање на 35.000 луѓе – рече тој за Радио Кошут, додавајќи дека здравствените работници ќе имаат предност.

Орбан рече дека владата ќе донесе одлука за посебни правила за Божиќ и дека тој ќе ги поздрави доколку eкспертите дозволат ублажување на ограничувањата по тој повод.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.