Унгарија и натаму ќе ги задржи своите граници затворени и ќе ги направи маските за лице задолжителни во кината, театрите и социјалните институции, за да се спречи ширењето на коронавирусот, изјави денеска премиерот Виктор Орбан.

Британските медиуми пренесуваат дека Орбан кажа дека вториот бран од пандемијата се очекува да го достигне врвов околу декември или јануари.

Унгарскиот премиер истакна дека неговата влада поставила ограничување на цената на тестовите на Ковид-19 од 19.500 форинти (54 евра).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.