Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека неговата земја го одбила предложениот буџет на ЕУ затоа што неговото прифаќање би значело поддржување на имиграцијата и уценување на оние земји кои се противат на имиграцијата.

Доколку го прифатевме тој предлог, ќе нѐ принудуваа да примаме мигранти – изјави Орбан.

Унгарија заедно со Полска го блокираше изгласувањето на седумгодишниот буџет на Еу од 1.800 милијарди евра, кој вклучува и фонд од 750 милијарди наменет за заздравување од последиците на пандемијата на корона вирусот. Сепак, ЕУ неодамна го услови одобрувањето на фондовите со почитувањето на владеењето на правото.

Орбан изјави дека Унгарија е посветена на почитувањето на владеењето на правото.

Оние што ги бранат своите граници и својата земја од мигранти, во Брисел веќе не се класифицираат како некои што го почитуваат законот. Ние во јули ги поддржавме и буџетот и фондот за заздравување зашто сме посветени на европската солидарност – изјави Орбан.

Денеска и Словенија им се придружи на Унгарија и на Полска во ставот за неприфаќање на предложениот буџет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.