Премиерот на Унгарија Виктор Орбан изјави дека воената интервенција на Турција во Сирија е во интерес на неговата земја.

Турција почна воена офанзива на 9 октомври за да ги натера сириските курдски сили да се повлечат од нивната граница и таму да формираат „зона на безбедност“, во која Анкара планира да врати дел од 3,6 милиони бегалци. Орбан рече дека областа е „воено стабилизирана … иако по цена на конфликти и борби“, ќе им овозможи на сириските бегалци во Турција да „се вратат дома“.

Ако не се вратат таму, Турците ќе ги отворат портите кон Европa“, рече Орбан во интервју за унгарското државно радио.

 

Тогаш сто илјади ќе влезат во Грција од Турција, од Грција до Балканот и од Балканот до унгарските или хрватските граници, рече унагрскиот премиер, кој е познат по своите антиимигрантски ставови.

 

Главен интерес на Унгарија е тоа да не се случи, потенцира Орбан.

 

Тој уште истакна дека му предложил на Брисел да испрати наменска финансиска помош до Анкара за обнова на градовите во „стабилизираните области“ и нивно опремување со болници, училишта и домување.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.