Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја прими третата доза на вакцината против коронавирусот, објави денеска неговиот портпарол.

Орбан ја примил вакцината „бустер“ дозата од вакцината „Модерна“, изјави Берталан Хаваси за МТИ.

Премиерот објави видео на својот Фејсбук профил како ја прима вакцината и го прашува докторот дали тој ќе има несакани ефекти во текот на денот, бидејќи има билети за театар.

На Орбан му било кажано дека многумина имале болка на местото на убодот и замор, но дека сигурно може да оди во театар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.