Виктор Орбан најави дека Унгарија ќе одржи национален референдум за заштита на децата, што се однесува на неодамна усвоениот закон против промовирањето на хомосексуалноста меѓу младите, за кој земјата се соочи со жестоки критики во Европската Унија.

„ЛГБТ активисти посетуваат градинки и училишта и држат предавања за сексуално образование. Сакаат да го прават тоа и во Унгарија“, вели Орбан во видео објавено денеска.

Референдумот ќе содржи пет прашања, од кои едно ќе гласи „Дали поддржувате на малолетниците да им се покажуваат медиумски содржини со сексуална природа кои можат да влијаат врз нивниот развој?“. Орбан го најави референдумот три дена пред одржувањето на парадата на гордоста во Будимпешта.

Унгарскиот парламент минатиот месец го усвои контроверзниот закон, што критичарите го споредуваат со рускиот закон против геј пропаганда. Владата вели дека тој има за цел да ги заштити децата.

„Се бориме за иднината на нашите деца и не смееме да попуштиме. Не можеме да дозволиме Брисел да ни го наметне неговиот начин“, вели Орбан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.