Унгарскиот премиер Виктор Орбан го повтори својот став дека миграциите се зло и дека се одвиваат на организиран начин, а Унгарија плаќа висока цена бидејќи, како што рече, „плива спротивно на доминантната европска политичка струја”.

Кога на унгарската граница ќе се појават десетици илјади главно млади мажи, кои се во совршена физичка состојба и кои во колона газат преку државната граница, и ако сакаме да ги запреме, тие газат и преку нас, тогаш не зборуваме за миграција, туку за кршење на суверенитетот. Тоа мора да престане, истакна Орбан.

Унгарскиот премиер вели дека миграциите се зло и дека Унгарија е убедена оти тие не се случуваат спонтано, туку на организиран начин.

Тоа Западот го смета за теорија на заговор, но сето тоа е сепак организирано со политички и деловни мотиви, а последиците ќе бидат пристигнување на големи муслимански маси на европскиот континент. Верувам дека сите оние кои не се бранат себе си, нема да ја препознаат својата земја за 20 години. Промена ќе се случи со надворешно влијание, кое едноставно им се наметнува… изјави Орбан.

Тој се пожали дека Унгарија поради ова плаќа висока цена, но но не само поради тоа:

Плаќаме висока цена поради непотпишувањето на Истанбулската конвенција, потоа одбивањето да поддржи каква било политика на студена војна; плаќаме висока цена бидејќи не го клоцаме рускиот претседател секој ден заедно со западњаците, туку му даваме почит што го заслужува како шеф на држава, плаќаме висока цена бидејќи го штитиме христијанскиот модел на семејство, затоа што ЛГБТ лудилото нема место тука“, изјави Орбан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.